Венецуелците во САД ќе мора да го докажат својот постојан престој и доколку ги исполнуваат критериумите, ќе им биде дадена привремена дозвола да останат во САД 18 месеци.
Администрацијата на Бајден ќе им обезбеди привремен заштитен статус на мигрантите од Венецуела кои живеат во САД и работи на координирање на меѓународниот притисок врз претседателот на Венецуела за одржување слободни и фер избори, изјави владин претставник.
Со одлуката, која опфаќа околу 320.000 луѓе, се исполнува предизборното ветување на американскиот претседател Џо Бајден дека ќе им даде засолниште на Венецуелците кои ја напуштија својата земја поради економскиот колапс, хуманитарната криза и политичките превирања под власта на претседателот Николас Мадуро.
Според ОН, околу 5,4 милиони луѓе се иселиле од Венецуела во последните неколку години.