Полска останува силен поддржувач на проширувањето на ЕУ

Од:

Традиционално пријателски и блиски односи меѓу Македонија и Полска констатираа денеска претседателите на двете држави Ѓорѓе Иванов и Бронислав Коморовски на средба на маргините на Самитот на шефови на држави и влади на Централна Европа во Братислава, на која Иванов побарал поддршка од Полска за евроинтегративните процеси на земјата.

– Македонија бара и очекува Европскиот совет во јуни да ни одреди датум за почеток на преговорите. Македонија е земја кандидат од 2005, има четири последователни препораки за датум и очекува европските лидери да го применат истиот принцип на паралелено движење во интеграцијата и надминувањето на билатералните разлики, принцип кој даде позитивни резултати токму во нашиот регион, истакна Иванов на средбата.

Полскиот претседател, кој истакна дека Послка останува силен поддржувач на проширувањето и политиката на отворени врати, беше запознат со актуелностите поврзани со прашањето за името, односите со соседите и состојбите во регионот.

На средбата Иванов го запозна својот полски колега со пречките со кои Македонија се соочува во напорите за интеграција во ЕУ и НАТО.

Заеднички заклучок беше дека интеграцијата во евроатланските структури придонесува за подобро разбирање меѓу државите, поголема соработка, надминување на разликите на европски начин, констатирајќи дека успехот и скорешниот прием на Хрватска треба да биде индикација за земјите од регионот, но и за ЕУ.

На средебата Коморовски ја прифати поканата на Иванов за возвратна официјална посета на Македонија која ќе се реализира во септември и која се очекува да даде нов позитивен импулс за натамошно јакнење на односите и продлабочување на соработката во сите сфери од заемен интерес.

Претседателот Иванов, попладневно се сретна и со молдавскиот колега Николај Тимовти на која беше констатирано дека односите меѓу двете земји се пријателски, но дека соработката во сите сфери од заемен интерес треба да добие на содржина и позитивна динамика.

За таа цел, по извесна пауза е договорено во наредниот период да се разменат посети на највисоко ниво, да се унапреди правната рамка и да се создадат услови за поинтензивна соработка особено во економската сфера.

Претседателот Иванов на средбата беше информиран за актуелните политички и економски состојби и предизвици во Молдавија.

Македонскиот претседател денеска се сретна и со црногорскиот колега Филип Вујановиќ, а утре ќе се сретне со украинскиот претседател Виктор Јанукович.

Би можело да ве интересира

Унгарија формира „сојуз на скептици“ кон Украина

ЕУ ја повикува Кина да помогне во завршувањето на војната во Украина

Горан Наумовски

Лидерите на ЕУ се согласија да одговорат на итните финансиски потреби на Украина во следните две години

Лавров: ЕУ и НАТО се обединија против Русија

Лопатка: Мора да го видиме напредокот во Црна Гора и во Албанија, а гледам и добри шанси за Македонија

Евростат: Невработеноста на пазарот на Европската Унија изнесува 11,7 отсто

Горан Наумовски