Француските цариници запленија 460 килограми кокаин, со улична вредност од 25 милиони евра, и уапсија три лица, соопшти денеска Министерството за финансии во Париз.
Во соопштението се наведува дека кокаинот е пронајден во 30 чамци, регистрирани во Венецуела, во меѓународните води кај Француските Антили.
Кокаинот бил сокриен во канти за гориво.
Официјални претставници наведуваат дека ова е најголемата заплена на кокаин во Франција годинава и дека дрогата била наменета за европскиот пазар, пренесуваат француските медиуми.
Во декември минатата година, француските власти запленија 800 килограми кокаин кај брегот на Панама.
Минатата година вкупно беа запленети 4,6 тони кокаин.