Масовните антивладини протести се „прв сериозен тест“ за Турција, која што сака да влезе во ЕУ изјави денес италијанската министерка за надворешни работи Ема Бонино, истакнувајќи дека употребната прекумерна сила врз демонстрантите е неприфатлива.
-Турската влада е во процес на полагање испит на зрелост на плоштадите и улиците. Тоа е веројатно прв сериозен тест за издржливост на демократијата во Турција и приступувањето во ЕУ-истакна министерката.
Турција започна официјален процес за приклучување во ЕУ во 2005 година, но тој во последните години е во застој, поради прекршување на човековите права и спорот околу Кипар.
-Италија сака потполно демократска Турција во срцето на Европа. Турција мора да одлучи дали сака да стане зрела демократија-нагласи Бонино.