И додека се уште не се стивнати реакциите на секси фотогарфиите на израелските девојки на отслужување на воен рок, пратеник во Кнесет на Израел се потруди повторно да предизвика бура во јавноста објавувајќи снимка како разголен се подготвува за спиење во неговата канцеларија.
Вчера, нешто пред пет часот, само 45 минути по завршување на парламентраната седница младиот пратеник Боаз Топоровски на својот профил на една социјална мрежа објави контроверзна фотогрфија снимена во неговата канцеларија во Кнесетот.
На неа се гледа како Топоровски лежи на кауч во неговата канцеларија, покриен со кошула.
Под сликата тој напишал: „4:51 ќе спијам во мојата канцеларија во Кнесетот. Ова е прв пат да спијам во канцеларијата, но за среќа во неа има туш“.
За неколку часа фотографијата ги преплави социјалните мрежи и интернет порталите предизвикавјќи бурни реакции и осуди на Топоровски.
По ова денеска се огласи претседателката на Кнесетот, Јулија Еделштајн, која ги повика пратениците да го чуваат дигнитетот на Парламентот.