Нема контраиндикации од „Спутник V“, само препорака за претпазливост кај трудници и доилки

Од:

Во упатството на „Спутник V“ има препорака за претпазливост само кај трудници и доилки. Не е наведена никаква друга контраиндикација, рече денеска министерот за здравство, Венко Филипче по пристигнувањето на првата пратка од руските вакцини, вкупно 3.000, на Скопскиот аеродром.

Филипче повтори дека согласно националниот план, први вакцина ќе примат најстарите граѓани со хронични болести и луѓето сместени во старечките домови.

За начинот како ќе се одвива вакцинацијата, објасни дека сите ќе бидат известени преку своите матични лекари и повикани на пунктовите кои ќе им бидат најблиску, додека во делот на старечките домови, вакцинирањето ќе се спроведе во домовите.

На прашањето дали за неполни три недели ќе пристигне и втората пратка, Филипче одговори дека и руската компанија, како останатите, во однос на испораката е под голем притисок од сите земји во светот.

-Преку личниот ангажман на амбасадорот кој зема обврска да го забрза целиот процес и во директни разгоовори со претставници на Рускиот инвестициски фонд кој ја менаџира дистрибуцијата на вакцините, не само што имаат обврска да ги пратат и другите 3 000 вакцини, туку зборуваме и за останатата динамика. Кога ќе дојдат оние 200 000 веројатно ќе знаеме во некој од следните денови. Како и за другите производители и тука важи тоа дека се под огромен притисок од сите земји во светот, истакна министерот.

Во овој момент, дообјасни Филипче, за ниту една вакцина, меѓу другите и за оние за кои разговара земјава, нема сериозна контраиндикација, ниту е регистриран некаков несакан ефект за време на клиничките студии и потоа, а нашиот тимот експерти ги прати буквално сите публикации.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски