(ВИДЕО) Андоновска: Филипче доста со игранки за чекање на вакцини, овозможете им на граѓаните основни крвни анализи

Од:

„Додека во речиси сите земји вакцинацијата против корона почна во декември минатата година, во Македонија граѓаните се уште само слушаат како вакцините само што не стигнале. Филипче кажа јануари, па февруари, сега вели март.

Добивме само 8.000 вакцини донација од Србија, и оние 3.000 што треба денеска да пристигнат, кои воедно не се доволни ниту за здравствениот персонал, а камо ли за останатите граѓани кои сакаат да се вакцинираат, хронично болните, ранливите категории и сл“, кажа Марија Андоновска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Здравството е на колена, системот неорганизиран, луѓето не можат да добијат болнички кревет, ама затоа Венко Филипче и Зоран Заев говорат за некои 2,2 милиони обезбедени вакцини, за кои ни самите веќе не веруваат дека ќе пристигнат.

Во меѓувреме, се спроведува пљачка на граѓаните.

И освен што ги зголемија цените на лековите кој за некого живот значат, лековите кој спречуваат згрутчување на крв, како Клексан, Фраксипарин, Ксаретло, граѓаните се речиси приморани да ги плаќаат приватно и крвните анализи кои се неопходни како за болните од корона, така и за оние кои што ја прележале, бидејќи мора да се прават контроли поради можните компликации.

Оние кои не можат да платат, се приморани да чекаат по ходниците на КОВИД центрите низ државата и во Скопје во само три амбуланти и поликлиники.

Министре, едноставно е, како што треба итно и неодложно да ги поставите Клексанот, Ксарелтото и Фраксипаринот на позитивната листа на лекови, така треба и граѓаните да можат да ги направат крвните анализи како што се испитување на ЦРП, ДДмери, ЛДХ, серолошки тест за антитела, преку Фондот за здравствено осигурување.

Затоа, апелираме до министерот Филипче и Фондот за здравствено осигурување, да овозможат сите лаборатории кои работат со Фондот за здравство, да ги прават овие анализите за сите осигуреници, а трошоците за истите да се покриени од страна на ФЗОМ.

Министре, доста со пиар-от и со вашите игранки и чекања на мали незначителни количини на вакцини, доста со лагите, направете нешто реално за граѓаните.

За сите пропусти, и за секој еден изгубен живот, ќе има одговорност!“, изјави Марија Андоновска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски