(ВИДЕО) Мисајловски до Заев: Пактови со мафија нема, прво ќе ве поразиме, а потоа ќе следува одговорност

Од:

„Зоран Заев, по криминални и украдени избори, по злоупотреба на вонредна состојба, по извршен масовен поткуп, по притисоци, закани, уцени, по менување изборен законик на пет минути пред почеток на изборна кампања, во услови на пандемија, карантин, поделени пакети, по задолжувањето на државата за повеќе од една милијарда евра, јавни дава некаква понуда за заедничка влада.

Провидна е играта на Зоран Заев и неговиот предлог за широка влада во која баш тој Заев ќе одбира кој ќе раководи со ВМРО-ДПМНЕ е тоа е најдобриот показател дека владата на Зоран Заев е разнишана“, рече Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

„Овој негов предлог може единствено да се толкува како сламка на спас на кариерата на Зоран Заев и неколку луѓе околу него.

Предлогот за влада дојде само три дена откако лажно се храбреа со тенкото мнозинство, а веќе следниот ден немаше кворум за работа во Собранието.

Од вештачката радост за наводното стабилно мнозинство во Собранието за три дена стигна понуда за широка влада зошто Заев знае дека владата е на стаклени нозе и не може да функционира.

И Заев и СДСМ и сета јавност треба да знаат дека пактови со мафија нема, ниту пак ќе поддржиме. Прво ќе ве поразиме, а потоа ќе следува одговорност.

ВМРО-ДПМНЕ единствено му должи на македонскиот народ, на граѓаните на Македонија, на активистите, симпатизерите што покажаа единство, цврстина, борба, жар, карактер, пркос, инает и пред се желба за подобра Македонија. И затоа се ќе сториме ним да им се оддолжиме и сите заедно да направиме влада која ќе биде сервис на граѓаните. Влада која ќе биде од народот за народот и никако поинаку.

А, овие од власта ако мислат дека има најмали шанси за пакт со криминална власт тоа верувајте дека нема да се случи. Ќе бидат победени, и тоа народе ви го ветуваме. Македонската пролет доаѓа!“, изјави Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски