Сириски гранати паднаа на либанска територија

Од:

По интензивна престрелка, синоќа гранати испукани од сириска страна, паднаа на либанска територија.

Според западни медиуми кои цитираат либански извор од армијата, во инцидентот нема жртви.

Гранатите паднале во северен Либан по два дена откако во експлозии и престрелки во таа зона загинаа две лица.

Изворот од армијата посочува дека престрелката ноќеска се водела околу неколку пункта за илегално преминување на границата.Тој не прецизира колку луѓе учествувале во инцидентот. Поради престрелката, од двете страни на границата десетици семејства избегале од домовите во либанскиот пограничен реон Вади Халед.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град