ВМРО-ДПМНЕ: Подготвени сме за разговори за експертска влада, но да ја предводи заеднички прифатлива натпартиска личност

Од:

ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да разговара за експертска Влада доколку ја предводи човек којшто би бил заеднички прифатлив, натпартиска личност што може да ја води државата напред до локалните избори, а потоа да се организираат предвремени парламентарни и локални избори.

Ова го посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ во партиска реакција на изјава на Стефан Васев од СДСМ, а по изнесениот став на премиерот Зоран Заев дека сака да отвори дебата за заедничка власт на Владата со опозицијата.

-Очигледно е дека Васев не е запознаен со последната изјава на неговиот шеф. Го советуваме Васев да прочита по медиумите што неговиот шеф Зоран Заев бара. Заев денес со неговата изјава за широка влада потврди дека на Македонија и е потребна нова и поинаква Влада. Заев денеска потврди дека неговата влада и мнозинството се неефикасни и немаат капацитет да се носат со проблемите. Заев не е способен да ја менаџира Република Македонија. Наместо Васев да дава празни изјави и да обвинува, нека погледне во неговата партија што се случува, а потоа да говори, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Васев во изјава денеска истакна дека со месеци Христијан Мицкоски и неколку негови соработници, ја лажеле јавноста дека има ново парламентарно мнозинство, дека Владата предводена од СДСМ само што не паднала.

-Со месеци Мицкоски живееше во фатаморгана дека станува премиер. Заради лични калкулации во белиот дворец, Мицкоски и неговите поддржувачи со месеци ги блокираат важните процеси за иднината на државата. На крајот, се потврди дека сите лаги, сите блокади и опструкции се со една цел – спас на фотелјата на Мицкоски во белиот дворец, рече меѓу другото Васев.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски