Иванов: Изборот на Давитковски значи исполнување обврска од Пролетниот извештај

Од:

Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов го поздрави изборот на Борче Давитковски за претседател на Комисијата за расчистување на настаните од 24 декември 2012 година и очекува таа да ја заврши својата работа, односно да даде суд за случувањата.

– Тоа што е избран претседателот кажува дека е е исполнета една преземена обврска од Пролетниот извештај на Европската комисија за Македонија. Се наедавм дека комисијата ќе си ја заврши работата бидејќи таа има за цел да ги констатира и да даде свој суд за настаните од 24 декември, изјави претседателот Иванов одговарајќи на новинарски прашања во Братислава каде што учествува на Самитот на шефови на држави и влади на земјите од Централна Европа.

Тој ги повика партиите, покрај формирањето на Комисијата, да најдат начини да ја исполнат и другата обврска – потпишување на меморандумот за поддршка на евроинтегративниот процес.

– Тоа ќе биде во прилог на сите наши обврски кои се преземени и ќе биде почитувано и ценето од Брисел, бидејќи таа е сопствена нашата обврска покрај другите како земја во процесот на ероинтеграциите, истакна претседателот Ѓорге Иванов.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски

Собранието ќе расправа за законските измани за укинување на техничката влада

Поништени огласите за членови на Судскиот совет од редот на Собранието и за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Собранието одлучи: Нафтената кризна состојба се продолжува до 20 јули