(ВИДЕО) Коалицијата Алтернатива – Алијанса на Албанците: Владата – неспособна да им обезбеди вакцини на граѓаните

Од:

Коалицијата Алтернатива – Алијанса на Албанците ја обвини Владата дека е неспособна да им обезбеди вакцини на граѓаните.

„Деновиве, кога сите земји во регионот продолжуваат да ги имунизираат граѓаните со вакцини против Ковид-19 и кои се гордеат со конкретни бројки за вакцинирање по глава на жител, Владата на Република Северна Македонија не успева, по сите обиди, да обезбеди вакцини. Сите сме сведоци дека на овој мозаик на неуспеси му беше додаден и неспособноста да се обезбеди кинеската вакцина. Звучи изненадувачки, но земји како Црна Гора и Унгарија, успеаја да ги набават планираните вакцини од контингентот на овие вакцини, додека граѓаните на Северна Македонија уште еднаш слушнаа само празни зборови и ветувања“, велат од Коалицијата.

Ова бесконечно пролонгирање на имунизацијата на населението, додаваат од таму, покрај тоа што директно ги загрозува животите на граѓаните, сега кога се појавува и третиот бран на пандемијата, исто така крајно ги намалува надежите за постепено отворање на нашата држава и домашната економија.

Од Коалицијата велат дека театарот со гласање на доверба на Владата во Собрание не ги покрива загубите на десетици животи на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Лога: И по притисокот на Таравари и неговиот газда, тој не го добил предметот за „печатите на АА“

Горан Наумовски

Алијанса за Албанците: Муртезани и Фетаи да сносат одговорност за скандалот со ИПА фондовите

Алијанса на Албанците: Амбасадорите насочуваат како треба да дојдеме до полноправно членство

Има ли Таравари аспирации за претседателски кандидат: Касами го предлага, тој молчи

Алијанса за Албанците: Итно да се побара одговорност од судиите за поништените пресуда за аферата „Собрание“

Горан Наумовски

Зиадин Села едногласно е избран за претседател на Собранието на Алијанса за Албанците