Вакцинацијата и со Спутник V се очекува да почне в среда, наскоро и кинески вакцини

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче денеска соопшти дека веројатно во среда ќе почне вакцинацијата, а утре на Скопскиот аеродром околу 14 часот треба да пристигне првата пратка од Спутник V.

Според Филипче, од кинеската вакцина се очекуваат 200.000 дози од кои одредена количина може да дојде за кратко време, но се уште нема потврда кога.

Од „Спутник V“ се очекуваат 200.000 дози или со оние од „Астра Зенека“ вкупно 2.200.000 вакцини треба да стигнат во земјава.

-Многу веројатно дека во среда ќе почне вакцинацијата, а утре треба да пристигне на Скопскиот аеродром околу 14 часот. Ги добивме од руската компанија сите потребни документи за да се подготви административната процедура во Агенцијата за лекови, што значи увозна дозвола и сега во текот на викендот и непосредно по доаѓањето и дозволата да се стави во употреба, информира министерот по денешната посета на локацијата на која се гради новата поликлиника во Сарај.

Во однос на кинеската вакцина, објасни дека се завршени сите потребни административни работи.

-Ги завршивме сите потребни административни работи, размената на документите и сме во комуникација. Очекуваме тајминг за нивно доаѓање, рече Филипче.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски