(ВИДЕО) Ѓорчев: Кенија, Руанда, Судан, Гамбија и Сенегал вчера набавија 2.5 милиони вакцини, фијаско на Заев и Филипче

Од:

„Во Македонија се умира како никогаш, никогаш до сега. Три илјади и сто граѓани на Македонија со своите животи ја платија неспособноста на Владата на Зоран Заев и Венко Филипче.

Со набавката на вакцини се случува дебакл и фијаско. За една година, за една цела година колку што имаа можност да нарачаат и да набават вакцини, тие само добија една кутија милостина со просење, и ништо повеќе“, вели Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ќе ви прочитам неколку примери од земји кои што вчера добија огромни количини на вакцини. Еве ги примерите: Вчера Кенија доби еден милион вакцини од „АстраЗенека“, Руанда 340.000 вакцини, Судан 800.000, Гамбија 36.000 вакцини, Сенегал 324.000 вакцини. Пред неколку дена Молдавија доби 21.000 вакцини од ЕУ.

Владата на Зоран Заев и Венко Филипче не доби ништо. Одговорноста е голема, одговорноста ја плаќаат граѓаните со животи. Секој ден во Македонија се умира, а веќе имаме и ситуација каде што 10-15 животи дневно, 10-15 човечки души, 10-15 семејства веќе речиси и да не се вест за Зоран Заев и неговите министри. Тоа е неподнослива леснотија на умирањето.

Од тие причини веднаш и час поскоро треба да си поднесат оставка. Ова што се случува со вакцините во Македонија, со немањето на имунизација е катастрофа, дебакл и фијаско кое што секој ден граѓаните на Македонија го плаќаат со изгубени животи“, изјави Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски