Во Бугарија од денеска 30 партии и коалиции влегуваат во предизборната трка за 45-то Национално собрание, а кампањата ќе ја водат до 2 април на полноќ.
Сите партии и коалиции пријавени за изборите ќе ја бараат поддршката од 6.732.316 запишани гласачи во земјата. Досега се поднесени вкупно 63.500 апликации за отворање на избирачки места надвор од Бугарија. Од нив, само 1.230 се поднесени во хартиена форма, а другите се доставени по електронски пат. Повеќето апликации се поднесени од Турција – 15.000, од Велика Британија – 12.000, од Германија – 9.500, САД – 3.900, во Северна Македонија ќе може да се гласа во Бугарската амбасада во Скопје, во Генералниот конзулат во Битола и во Охрид., Штип и Струмица.
Според правилата на бугарската Централна изборна комисија, кампањата може да се изврши во писмена форма и усно, преку состаноци и преку даватели на медиумски услуги. Забрането е агитирање во државни или општински институции, како и во компании со повеќе од 50 отсто државно или општинско учество. Покрај тоа, не е дозволена користење на државен имот во кампањата, а забранбети се и анонимни материјали за агитација. Покрај тоа, мора да се спомене дека купувањето и продавањето гласови е кривично дело.
Од 1 март, здравствените власти во Бугарија дозволија собири во затворени простории со 30 отсто пополнување на капацитетот на просторијата, држење дистанца, носење маски и дезинфекција.
Со одлука на Националното собрание на Бугарија во деловите со повеќе од 300 гласачи ќе може да се гласа со машини за гласање.