763 лица се лекуваат во ковид центрите, 24 нови приеми во Скопје

Од:

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 24 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 306 лица се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 11 приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 9 нови приеми на пациенти и 4 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени пациенти. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 34 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 28 пациенти, на Клиниката за неврологија 36 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 55 пациенти со симтоми на корона вирусот.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 76 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 92 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 16 пациенти. На ГАК има 3 хоспитализирани ковид позитивни пациентки.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 457 пациенти. Вкупната бројка пациенти кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 763.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 25 пациенти.Во болницата во Штип се хоспитализирани 36 пациенти, на инфективното одделение во Тетово има 13 пациенти, во Велес се лекуваат 26 болни, а во Куманово 72 пациенти.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 56 пациенти, во Прилеп 78, во ковид центарот во Гостивар 17, а во Струга 20 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 29 пациент, во Кочани 7 во Кичево 6, Кавадарци 50, во Гевгелија 9 лица, а во Дебар 13 позитивни.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски