Спутник V не е дел од ЕУ стратегијата за вакцинирање

Од:

Портпаролот на Европска Комисија, Ерик Мамер денеска изјави дека тоа што руската вакцина против Ковид-19, Спутник V би можела да добие одобрување од Европската агенција за лекови не значи дека треба да биде вклучена на листата на вакцини опфатени со ЕУ стратегијата за вакцинација.

Тој додаде дека постои јасна разлика помеѓу одобрување за употреба на вакцината во ЕУ и ЕУ стратегијата за вакцинација, преку која заеднички се нарачуваат вакцини за сите 27 земји-членки на Унијата.

– Стратегијата на ЕУ за вакцинација се развива и се применува во соработка со ЕК и со земјите-членки. Тие можат да одлучат да ја интегрираат новата вакцина во постоечкото портфолио, но во моментот не се разговара за тоа, истакна Мамер.

ЕК соопшти и дека во име на ЕУ веќе склучила договори за набавка на доволно вакцини (2,6 милијарди дози од шест компании), со што би се реализирала целта – да се вакцинираат 70 проценти од Европејците до крајот на летото.

Во Брисел истакнуваат дека при одобрување на вакцините не се раководат од геополитиката, туку со проценка на квалитетот, ефикасноста и безбедноста на вакцините.

Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска соопшти дека почна со испитување на вакцината против Ковид-19 „Спутник V“, а руските власти соопштија дека се подготвени до јуни да обезбедат 50 милиони дози вакцини за граѓаните на Европска Унија.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: И без овој извештај како прв човек на Владата знам дека граѓаните живеат тешко

Горан Наумовски

Вархељи за пакетот за проширување: ЕУ го задржа и зајакна моментумот на проширување во текот на 2024 година

Сиљановска Давкова: Извештајот на ЕУ претставува објективна слика, потсетник и патоказ за реформските приоритети

Уставни измени, правосудниот систем и реформите поврзани со ЕУ, главни препораки во Извештајот на Европската комисија

Европската Комисија: Стратегиската насока на Србија е под знак прашалник

Горан Наумовски

МЕП: Европската Комисија денеска официјално ја одобри Реформската Агенда на Македонија

Горан Наумовски