Во Хрватска потврдена чешката мутација коронавирус

Од:

Во Хрватска е потврдено присуството на чешката мутација коронавирус, соопшти Институтот Руѓер Бошковиќ.

Претходно беше потврдено дека во Хрватска се идентификувани бразилската, њујоршката, британската и јужноафриканската мутација коронавирус.

Професорот на загрепскиот ПМФ Кристијан Влаховичек, за хрватскиот јавен сервис ХРТ изјави дека уште во февруари од 70 примероци, претежно од КБ Дубрава во соработка со професорот Вранеш од хрватскиот наставен завод за јавно здравство „Андрија Штампар“, чешката мутација била изолирана во 20 проценти од примероците.

– Чешкиот вид е комбинација на мутации од шкотската и британската варијанта на коронавирусот. Бидејќи има голем пораст на бројот на заразени луѓе во Чешка и Словачка, тие ја пријавија оваа нова мутација на вирусот SARS-CoV-2, рече професорот Влаховишек.

Тој истакна дека сè уште не се знае многу за заразноста на чешката мутација, но оти во секој случај треба да се биде внимателен, да се следи растот на овие мутации на вирусот, како и веднаш да се изолираат заразените пред да се прошират во популација.

Би можело да ве интересира

Тони Цетински и познати спортисти биле дел од афертата со лажни ковид потврди во Хрватска

Во Хрватска зголемен бројот на заразени со Ковид-19

Рекордни бројки на заразени со Ковид-19 во Романија, Хрватска и Словенија

Катерина Ѓуровски

Хрватска наскоро ќе почне еднаш неделно да ги тестира учениците за коронавирус

Во Хрватска од денеска построги анти-ковид мерки

Рекордни 9.058 нови случаи на Ковид-19 во Хрватска

Катерина Ѓуровски