Над 22 илјади граѓани три месеци ги чекаат пратениците за да добијат 6.000 денари помош од државата

Од:

И по три месеци од реализацијата на четвртиот пакет економски мерки, граѓаните со блокирани сметки од извршителите, чии банки одбиваат да им отворат потсметки – не може да си ја подигнат поддршката од 6.000 денари што им ја дава државата. Тие се упорни и бараат решение за оваа ситуација бидејќи се граѓани со низок доход, а за средствата велат дека им се и повеќе од потребни. Во изминатите месеци се обратиле до банките во кои имаат блокирани сметки, без можност за потсметки, од каде што добиле одговор дека средствата ѝ се вратени на Владата и од таму да си ги бараат парите. На веб-страницата „Купувамдомашно.гов.мк“ податоците не им се ажурирани, а во делот „банка“ сè уште им е впишана онаа што одбива да им отвори потсметки и се оградува од исплаќање на државната помош.

Дека има технички проблем со исплата на средствата за оваа категорија граѓани, потврдуваат и од Владата. Оттаму за „А1он“ уверуваат дека ќе им се отвори сметка во друга банка. За застојот, велат дека е поради неусвојувањето на измената на Законот за финансиската поддршка на ранливите категории од страна на Собранието. Со него треба да се продолжи рокот за ажурирање на податоците за банкарските сметки до крајот на март.

„Законската измена ги покрива и граѓаните со блокирани сметки на кои не им беше направена исплата. Очекувањата беа дека процесот ќе заврши минатиот месец. Кога Собранието ќе се изјасни, ќе биде надминат и проблемот со граѓаните со блокирани сметки во банките, кои немаат техничка можност за отворање потсметка“, велат од Владата за „А1он“.

Од 283 илјади граѓани за кои беше наменета финансиската поддршка од 6.000 денари, со измените на законот ќе им се овозможи на речиси 22 илјади граѓани, кои не успеаја да ги ажурираат податоците или имаа блокирани сметки, во продолжениот рок до 31 март да се изврши исплатата. Парите ќе ги добијат и 2.132 граѓани, чии приговори беа прифатени.

До Владата беа поднесени и 78 илјади приговори, а од нив се прифатени само 2.132.

„Од нив, 223 прифатени се приговори поднесени од пензионери, 17 од самохрани родители, 1.798 од млади лица, 83 од естрадни уметници и други 11-мина за кои податоците ги даваат Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија и Управата за јавни приходи“, додаваат од Владата.

Додека и натаму трае исплатата на четвртиот пакет-мерки, Владата донесе и петти пакет економски мерки наменет за граѓаните и компаниите. Петтиот пакет содржи вкупно 29 мерки во вредност од 9,7 милијарди денари или приближно 160 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Ставот на Владата за уставните измени е јасен и остануваме на истиот, изјави Митева

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата