Претседателот на Чешка, Милош Земан разговараше со кинескиот претседател Си Џинпинг за испорака на вакцини против Ковид-19, објавија чешките медиуми. Во соопштението на Амбасадата на Чешка во Пекинг, Кина одлучила „веднаш да одговори“ на барањето.
Земан слична молба упати и до Русија за достава на вакцината Спутник. Досега само Унгарија од земјите-членки на Европска Унија го имунизира населението со кинеската вакцина на Синофарм.
Од почетокот на андемијата во Чешка, која има 10,7 милиони жители, со Ковид-19 се инфицирале речиси 1,3 милиони луѓе и регистрирани се над 20.900 смртни случаи.
Во Чешка досега граѓаните примиле 702.000 дози вакцини на Фајзер/БиоНтек, на Модерна и на АстраЗенека.
Чешка и Словачка каде е зголемен бројот на новозаразени ќе добијат дополнителни дози вакцина на Фајзер/БиоНтек од своите партнери во ЕУ.