Шведската полиција денеска застрела млад човек од околу 20 години, откако тој, вооружен според некои извештаи со нож, а според некои сведоци со секира, напаѓаше луѓе кои ги сретнал по улиците на гратчето Ветланда на југот на земјата.
Осуммина се повредени во серијата напади, а неидентификуваниот напаѓач е ранет во ногата и пренесен во болница, соопшти полицијата, која додаде дека инцидентите имаат елементи на терористички напад.
Не се откриени повеќе детали за сериозноста на повредите, освен тоа дека некои жртви се полесно, а некои потешко ранети.
На социјалните мрежи се објавени и снимки на кои е забележан моментот кога полицијата пука во осомничениот, пред да го уапси.
Уапсениот млад човек претходно ѝ бил познат на полицијата по помали престапи. Шведскиот министер за внатрешни работи Стефан Левфен го осуди нападот.
„Со ваквите одвратни напади ќе се соочиме со здружените сили на нашето општество,“ изјави тој.
#BREAKING At least 8 hurt in #Vetlanda #Sweden knife attack being investigated as a potential #terrorist incident @Telemundo51 #breakingnews pic.twitter.com/ApkFx7MKco
— JRodriguez (@JRodzMIA) March 3, 2021
Од полицијата напоменуваат дека иако нападот се води како терористички, осомничениот се уште не е испрашан, а мотивите не се јасни.