Потпретседателот на црногорската Влада, Дритан Абазовиќ ја поздрави полициската акција „Граница“ во кој се уапсени припадници на Министерството за внатрешни работи и Управата на полицијата поради сомнежи дека ја злоупотребуваат службената положба.
– Половина Црна Гора не спие, раката на правдата почна да делува, напиша Абазовиќ на својот твитер-налог по повод денешната полициска акција.
Од Управата на полицијата претходно денеска е соопштено дека се приведени службеници на МВР и полициската управа во заедничка акција на полицијата и обвинителството.
Според Абазовиќ, „акцијата е доказ дека институциите на системот можат да работат професионално, синхронизирано и ефикасно“.
– Во овој момент најголем патриотизам е да ја заштитиме државната каса, напиша потпретседателот на црногорската Влада.