Сириски бунтовници го убија петнаесетгодишното момче Мухамед ал Ката, пред очите на неговите родители, поради тоа што во разговор на навредлив начин го употребило името на пророкот Мухамед.
Како што е соопштено од Сириската организација за човекови права, малиот продавач на кафе во сабота бил грабнат во сирискиот град Алеп.
Нешто подоцна киднаперите го вратиле жив со видливи траги на насилство, но само за да го убијат пред голем број луѓе, меѓу кои и неговите родители.
Пред да го убијат бунтовниците изјавиле дека секој што ќе го направи тој грев, ќе биде казнет на сличен начин.
Според Организацијата, момчето се нашло на мета на бунтовниците поради тоа што рекло дека никому не би позајмило пари, па дури и Мухамед да оживее.
Според податоците на „Дејли мејл“ момчето пред инцидентот се расправало со некого и во еден момент рекло дека „И пророк Мухамед да слезе, нема да станам верник“.
Се верува дека вооружените мажи се припадници на бунтовничката група„Исламска држава на Ирак и Сирија“, позната како „Ал Нусра фронт“, пренесе „Ројтерс“.
Тие зборувале на класичен арапски дијалект, што доведува до заклучок дека се работи за странски борци.
Родителите на убиеното момче изјавиле дека нивниот син учествувал во продемократските протести во Алепо.
Елена Георгиевска