Во Украина рекорден број хоспитализирани за еден ден

Од:

Во Украина во последните 24 часа се хоспитализирани рекорден број на пациенти со коронавирус, а и бројот на смртни случаи е голем.

Само во текот на претходниот ден, хоспитализирани се 3.468 лица, најмногу од почетокот на пандемијата пред една година, напиша на Фејсбук изјави министерот за здравство Максим Степанов.

Во последните 24 часа биле регистрирани 7.235 нови случаи, а 185 лица починале.

Од почетокот на пандемијата во Украина се заразиле повеќе од 1,3 милиони луѓе, а повеќе од 26.000 починале.

Степанов синоќа за украинската телевизија 24 изјави дека испораките на кинеската вакцина Синовак најверојатно ќе бидат одложени.

Украина почна со вакцинирање откако го прими првиот контингент вакцини на АстраЗенека, а први се вакцинирани здравствените работници и армијата.

Би можело да ве интересира

Загина познатиот украински кревач на тегови Александар Пелешенко

Руски наредник уби командант и пет војници

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад

Во напад на украински дронови тешко повредени се шест лица

Украина треба да плаќа 500 милиони долари годишно само за камата

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он