ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Николовски не може да се борат против корупција, тие се извор на корупција

Од:

„Заев и Николовски не може да се борат против корупцијата, зошто тие се извор на корупција. Нема крими афера во која не се спомнува Заев или некој негов близок соработник.

Заев и Николовски се премиер и министер во најкорумпираната влада во Европа според Транспаренси интернешенал и хибриден режим според Економист. Тие се причината за тонењето на Македонија.

СДСМ ветуваше правда, а завршија со реформи како набавка на компјутери и веб страници“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

„Наместо суштинска борба се се сведе на празни прескоференции. Владата не кажа до каде е случајот со случајот Рекет и торбата со пари, која според Бојан Јовановски, кој ја носеше, кажа дека завршила кај Зоран и Вице Заеви.

Нема постапка ниту за Ден Дончев кој видовме како става туциња пари во торба и рекетира фирми. Заев мисли дека со неговата оставка го спасил и него и себе, а заборава дека еден ден и двајцата ќе одговараат.

Нема предмет ниту за криминалот од половина милијарда евра, кој се случи со пропаѓањето на Еуростандард банката и давањето на маркица за ШИК ЈЕЛАК.

Заев го тргна од клучна позиција Рашковски и мисли дека го спасил и него и себе. Одговорност ќе има. И за Леонардо и за Сар Хемс.

Ќе има истраги и разрешници и за струмичките камиони во РЕК, и за милионските набавки во здравството, и местените тендери како коруптографијата на Филипче кој потпишува одлука за набавка повисока за 15 милиони од првично понуденото.

Против целата оваа корупција не може да се бори нејзиниот творец – Заев и Љупчо Николовски, чија фирма зема незаконски кеш.

Одговорност ќе има и за сите горенаведенј афери и криминали и за Заев и Николовски“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС