ОН и САД ги повикаа демонстрантите и Владата во Турција на дијалог за надминување на недоразбирањата и прекин на демонстрациите и употребата на сила.
Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун изјави дека граѓаните имаат право на демонстрации и повика на дијалог меѓу Владата и демонстрантите, јави ДПА.
Портпаролката на Белата куќа Катлин Хејден, изјави дека САД се вознемирени до ситуацијата во Турција и упатуваат повик за дијалог меѓу Владата и демонстрантите.
– Продолжуваме со вознемиреност да ги следиме случувањата во Турција и ја поддржуваме слободата на говорот како и правото за мирни демонстрации, изјави Хејден.
Во изминатата ноќ продолжија судирите меѓу полицијата и антивладините демонстрации на истанбулскиот плоштад Таксим.
Полицијата употреби солзавец и гумени куршуми да ги растера демонстрантите од плоштадот.