Владата сега има и усвоен план за борба против корупцијата

Од:

Владата на Република Северна Македонија на денешната 50-та седница ги разгледа и Планот и мерките за борба против корупција.

Планот за борба против корупцијата е подготвен врз основа на сите препораки и предлози од надлежни институции, невладини организации, независни тела, како и согласно укажувањата на релевантните домашни и странски извештаи и содржи нови начини и соодветни механизми за спречување и искоренување на корупцијата како продолжение на анти-коруптивните политиките што ги зацрта Владата со почетокот на актуелниот мандат, соопштија од Владата.

Со овој план се зајакнуваат капацитетите и се воспоставува синхронизиран систем за ефикасна функционалност на институциите во првите редови против корупцијата, за враќање на довербата во нив и за општество ослободено од корупција, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски