Ердоган ветува правда и слобода на изразување во Турција

Од:

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави денеска дека неговата земја ќе го зајакне правото на праведно судење и на слобода на изразување и здружување согласно новиот акциски план за човекови права.

– Планот, ветуван неодамна согласно законските и економските реформи, ќе го подобри и правосудниот систем. Никому не може да му биде забранета слободата поради неговото мислење, нагласи Ердоган во говорот во претседателската палата во Анкара.

Планот од девет точки предвидува мерки за подобрување на судскиот систем во областите кои се движат од национализација на земјиштето и судење на малолетници до мерки кои овозможуваат брзи судски постапки и подобри услови за работа.

Тој истакна дека Владата, исто така, го разгледува кривичното гонење на криминалот во медиумите и на интернет.

– Зајакнувањето на правото на слобода на изразување, здружување и религија … е целта на која најмногу сме работеле досега, им рече шефот на турската држава на министрите и другите владини претставници.

Критичарите ја обвинуваат Владата на Ердоган дека врши притисок врз судството, кое казни илјадници нејзини противници по неуспешниот пуч во 2016 година. Анкара тврди дека судовите се независни и тоа го прават поради закани кон земјата.

Ердоган, исто така, изјави дека ќе биде формиран одбор за следење на почитувањето на човековите права во затворите и дека секоја година ќе се објавува извештај за човековите права во Турција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски