Украинскиот претседател ја прими вакцината на АстраЗенека

Од:

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски ја прими денеска првата доза од вакцината против коронавирусот.Зеленски, кој во ноември минатата година беше заразен со Ковид-19, се вакцинираше денеска во воената болница во областа Луганск, каде од 2014 година траат судири меѓу украинските сили и проруски бунтовници.

– Вакциниран сум, на првата линија на фронтот со нашите војници, напиша Зеленски на Твитер, поставувајќи фотографија со порака: „Вакцината ќе овозможи да живееме без ограничувања“.

Во Украина моментно приоритет за вакцинација имаат здравствените работници и војници.

Вакцинацијата во Украина започна минатата недела. Во земјата се користи вакцината на АстраЗенека, произведена во Индија.

Од почетокот на епидемијата во Украина се потврдени околу 1,4 милиони заразени лица и над 26.000 смртни случаи.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Цел на рускиот напад беа гасни објекти важни за снабдување на ЕУ

Зеленски најави кога очекува голема руска офанзива

Спречен e атентат врз Зеленски

Горан Наумовски

Зеленски го потпиша Законот за мобилизација во Украина

Зеленски: Законот за мобилизација содржи важни прашања поврзани со поддршката на армијата

Зеленски: Без американска помош блокирана во Конгресот, Украина ќе ја изгуби војната