СДСМ: Наместо да конструира непостоечки случаи, осудуваниот Милошоски да се подготви за својата одбрана за процесите што се водат против него

Од:

„Повеќе од две недели откако во јавноста беа објавени документи кои докажуваат дека Антонијо Милошоски бил осуден и казнет за сторени кривични дела во Германија, тој се уште молчи и не дава одговор за што точно бил осуден, но затоа не му е проблем да продолжува со ширењето лаги и невистини.

Милошоски е докажан извор на лажни вести, на манипулации и конструирани случаи кои секогаш се на штета на интересите на граѓаните и државата“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференција на Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Антонијо Милошоски, лице осудувано за сторени кривични дела во Германија, одамна не е достоен да ја извршува функцијата пратеник и е најмалку повикан да зборува за било што во државата.

Сега, кога сите гледаат дека правниот систем функционира ефикасно и неселективно, очигледно дека кај него расте паниката и стравот од одговорност за случаите што пред судовите се водат против него, па затоа продолжува со ширењето невистини.

Прочитани и демантирани се сите лаги на Милошоски, како што соопшти и Министерството за здравство постапката за која денеска зборува Милошоски не е завршена, туку процесот е во фаза на евалуација.

Наместо да шири лажни вести и конструкции во кој никој не верува, за Милошоски подобро ќе биде енергијата да ја чува за неговото соочување со правдата и да ја подготвува својата обрана за случаите што се водат против него“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Од реконструкцијата граѓаните ќе добијат само нови имиња и голема нула

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Мицкоски ќе прифти се што бараат СДСМ и Левица за Изборниот законик, ама дијаспорта не ја дава

Филипче: Нема да дозволиме изборна кражба!

А1он

ВИДЕО: И СДСМ ќе го блокира Изборниот законик, Филипче вели дека отвора врата за изборна кражба

Димитриевски: СДСМ е друштво во стечај, координирано од Струмица, а ликвидаторот е Венко Филипче