Над 5.700 лица се потпишаа во САД на петицијата за помилување на Едвард Сноудeн, кој откри детали за тајното надгледување и прислушување на телефоните и на интернет мрежата од американската Агенција за национална безбедност.
Петицијата е објавена на веб сајтот на Белата куќа. Ако за еден месец бидат соберени 100 илјади потписи, американските власти ќе треба официјално да го разгледаат барањето.
Против Сноудeн, кој е поранешен соработник во техничкиот оддел на ЦИА, засега не се покренати никакви обвиненија.
Белата куќа потврди дека по објавувањето на информациите е почната истрага. Американските власти вршат проценка на штетите што Сноудин можел да ги нанесе на националната безбедност на САД.