Пејачката Џенифер Лопез, по којзнае кој пат ги полуде сите со својата волшебна фигура.
Џеј Ло се фотографираше во огледало, а на сликата носи бел костим за капење кој е скроен така што само лента и го покрива задникот.
Очигледно напорните тренинзи на популарната пејачка „вродија со плод“, па во шестата деценија таа има тело на кое можат да и позавидат и многу помлади жени.
„Вонвременска жена“, „Џеј Ло нема конкуренција“, „Изгледаш како божица“, „Прекрасна си, а телото е совршено“, „Вистинска бомба“, се некои од коментарите покрај објавата.