СДСМ: Започна процесот на попишување, со учество во пописот, секој граѓанин придонесува за развој и подобра иднина на државата

Од:

„По речиси 19 години, државата спроведува попис согласно сите меѓународни стандарди и пракси на Евростат и Обединетите Нации.

Започна попишувањето на одделни категории на лица како што е предвидено во методологијата и од вчера се попишуваат лицата кои за време на пописот се наоѓаат во странство, во служба на Армијата, во казнено- поправни и воспитно-поправни установи, лицата кои се на служба во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија и членовите на нивните семејства кои престојуваат со нив, како и бездомните лица“, велат СДСМ.

„До 21 април ќе се спроведе и самопопишување на дијаспората коешто се одвива електронски, преку веб страницата на Државниот завод за статистика.

Пописот е најважната и најголемата статистичка операција со којашто ќе се обезбедат податоци коишто ја даваат основата за креирање ефикасни јавни политики со цел создавање услови за економски раст и развој, искоренување на сиромаштијата, зголемување на еднаквоста меѓу граѓаните, рамномерен регионален раст и поголема заштита на животната средина.

Обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека Законот бил неевропски и собирањето на потписи за наводно одложување на пописот е само лош партиски маркетинг, на којшто граѓаните не смеат да подлегнат.

Законот за попис и методологијата се во согласност со меѓународните стандарди и тоа е потврдено и од Евростат.

Граѓаните активно да се вклучат во пописот со што ќе дадат свој личен придонес за подобра иднина на државата и на целиот народ“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да каже дали Филипче е во Дубаи и по кој основ се стекнал со златната виза

СДСМ по изјавата на Бране Петрушевски: ВМРО-ДПМНЕ донесе закон со кој се намалија казните

Спасовски: Законот за Кочани беше можност да покажеме единство, солидарност и промена на системот

СДСМ: Реформските закони за правосудство ги нема, Филков да не ги опструира работните групи

И Таравари виде дека Мицкоски ја води државата во провалија, велат од СДСМ

Катерина Ѓуровски

Бендевска: Штабовите на СДСМ се како музеи на политичка археологија – затворени, запрашени, заборавени