Во февруари во Тетовско повеќе новозаразени отколку оздравени од Ковид-19

Од:

Бројот на новозаразени е поголем од бројот на оздравени во текот на февруари во Тетовско, соодносот е 379 наспрема 369, покажува статистиката на Министерството за здравство. Споредено со периодот од пред една недела, во ковид-центарот во Тетово има три лица повеќе на болничко лекување.

-Во клиничката болница во ковид-центарот на болничко лекување се 17 лица. Пред една недела беа хоспитализирани 14 луѓе. Амбулантските прегледи по број се слични, имаме околу 35-40 дневно, информираше д-р Гзим Нуредини, координатор на Ковид-центарот.

Во споредба со јануари, во февруари има двојно помалку починати од Ковид-19. Минатиот месец починаа 10 луѓе, а во јануари 21. Во јануари имало 352 нови случаи и 852 оздравени.

Според податоците на Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје, од почетокот на епидемијата досега, во тетовскиот регион вирусот е дијагностициран кај вкупно 5464, а починале 218 луѓе.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски