Во полициската станица во Крива Паланка денеска под мотото „Даваме крв денес, зошто утре можеби и нам ќе ни треба“ беше реализирана редовна крводарителска акција.
Во оваа хуманитарна акција учествуваа вработените од полициската станица и беа собрани 30 крвни единици. Беше земена и мостра од крв за изработка на биохемиска анализа.
Акцијата се спроведе во организација на Општинската организација на Црвениот крст од Крива Паланка и Институтот за транфузиологија во Скопје.
Од Општинската организација на Црвениот крст очекуваат дека до крајот на годината ќе биде надминат планот од 711 крвни единици, имајќи ги предвид досегашните спроведени крводарителски акции во Крива Паланка и Ранковце.