ВМРО-ДПМНЕ: Што правел Мијалков 40 минути откако се пријавил во ЈО и дали намерно е пуштен за да направи театар пред камерите

Од:

„Коалицијата Заев – Мијалков се повеќе излегува на виделина. А доказите се на секаде. Мијалков се појавил во ЈО во 16 часот, а театарот пред камери го прави во 16.40 часот. Што правел Мијалков 40 минути и дали ЈО го пуштило да праби циркус пред камери?

Мијалков наместо веднаш во куќен притвор глумел изненаден, и му правел на Заев простор за промоција“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Дали Мијалков во ЈО е донесен со службен владин црн автомобил марка Фолксваген пасат? И каде бил претходно?

Две минути откако се снима Мијалков пред ЈО, Заев се јавува со фејсбук објава каде се фали дека тој вршел притисок Мијалков да се предаде.

Режијата е премногу очигледна. Заев и Мијалков се цело време во комуникација. А да не беше ВМРО, народот и меѓународната заедница Мијалков сега ќе беше на слобода, бидејќи тоа беше планот на Заев, за да можат да прават вештачка криза во ВМРО.

Планот на Заев пропадна. Одговорност мора да има за сите, па и за Заев“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО