16-годишник прегази доктор пред Клинички центар

Од:

16-годишник синоќа прегазил познат хирург пред Клиничкиот центар во Скопје. Лекарот се здобил со тешки повреди.

Како што информира полицијата, синоќа во 20.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од булeварот „Мајка Тереза“ и улицата „Елисие Поповски-Марко“, патничко возило „бмв х6“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 16–годишник од скопското село Сингелиќ, удрило во хирургот Ѓорѓи Јота од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, се здобил лекарот кој се движел пеш. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Би можело да ве интересира

19-годишна девојка загина во сообраќајка кај Струмица

Велешанец силувал Швеѓанка во дискотека во Охрид

Сообраќајка на магистралата Гостивар – Кичево, повредени три деца и жена

Момче загина во сообраќајка на патот од Радишани кон Побожје

Катерина Ѓуровски

Пијан скопјанец со 3,29 промили алкохол во организмот и предизвикал сообраќајка

Пари од прометот на Комуналното претпријате Сарај украдени од бирото на директорот