ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски не треба да ни се обраќа нам, туку на граѓаните

Од:

Апелираме до господинот Жерновски да не ни се обраќа нам, туку да им објасни на граѓаните зошто ги излажа дека ќе гради училиште и градинка и зошто сака да го прогласи објектот на црквата Св. Константин и Елена за дива градба, наведува ВМРО-ДПМНЕ во писмената реакција на денешната изјава на градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски.

ВМРО-ДПМНЕ вели дека Жерновски не треба да им се обраќа ним, туку на граѓаните да им објасни зошто ги излажал дека ќе гради градинка и училиште во Капиштец, а парите за таа намена ги потрошил за привремени вработувања.

– Второ, треба да им објасни зошто упорно настојува да се поништи деталниот урбанистички план, а со негово поништување практични објектот на црквата Св. Константин и Елена ќе стане дива градба. Кога еден објект е дива градба секоја општинска власт сега и понатаму ќе може да постапува како сака, па и да го руши. Го повикуваме градоначалникот на Општина Центар, господинот Андреј Жерновски да се вразуми и да прекине свесно да креира конфликти во македонското општество, се вели во реакцијата.

Би можело да ве интересира

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на Венко Филипче шири лаги и хистерија

Горан Наумовски

Филипче го слави системот што го спаси од обвинение, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Лефков: Филипче во време на здравствена криза не мислел на пациентите, туку како да го наполни џебот

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчеше за загадената вода во Гостивар додека беше министер

Горан Наумовски

Левица: Честитки до ДПМНЕ – Македонија стана лидер во Европа и по случаи на западнонилска треска по глава на жител

Горан Наумовски