СДСМ: Патот на правдата е чист, Мицкоски, потрчкото на Мијалков и Груевски, не успеа да ги одбрани криминалите во своите редови

Од:

„СДСМ гради силна правна држава, во која редот, правдата и дисциплината на сите нивоа се приоритет.

Пропаднаа сите обиди на губитникот Христијан Мицкоски да го одбрани криминалот и да ја спречи правдата. Случајот со Мијалков е последниот пораз на Мицкоски.

Се што прави Мицкоски е да го заштити Груевски, да ги заштити Мијалков, Камчев, Милошоски, Димовски, Јанушев и сите останати сегашни и поранешни функционери на ВМРО ДПМНЕ, против кои се водат процеси пред надлежните судови“, велат СДСМ.

„Сите блокади, кочници, деструктивното однесување на ВМРО-ДПМНЕ се обиди да се спасат криминалците во нивните редови. Токму затоа Мицкоски беше против носење на Законот за Јавно обвинителство со што предметите на СЈО добиваат судска разрешница, токму затоа Мицкоски застана во одбрана на осудените за 27 април.

Не успеа Мицкоски да ги одбрани криминалите на луѓето што го поставија за шеф на ВМРО-ДПМНЕ и останува осамен на браникот на криминалот.

Патот на правдата е чист и се почесто ќе бидеме сведоци на спроведена правда и на силен одговор од институциите за сите кои се ставаат над Законот.

Ред, правда и дисциплина има и ќе има, а секој што се огрешил пред законот ќе се одговара“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да каже дали Филипче е во Дубаи и по кој основ се стекнал со златната виза

СДСМ по изјавата на Бране Петрушевски: ВМРО-ДПМНЕ донесе закон со кој се намалија казните

Спасовски: Законот за Кочани беше можност да покажеме единство, солидарност и промена на системот

СДСМ: Реформските закони за правосудство ги нема, Филков да не ги опструира работните групи

И Таравари виде дека Мицкоски ја води државата во провалија, велат од СДСМ

Катерина Ѓуровски

Бендевска: Штабовите на СДСМ се како музеи на политичка археологија – затворени, запрашени, заборавени