Намирници идеални за јуни

Од:

Јуни е период на намирници полни со витамини, како што се цреши, јагоди или пак краставици и тиквици.

cresa

Цреши

Преполни со антиоксиданси и со малку калории, црешите секако се на листата на најдобри намирници во јуни. Поради своите нутритиенти црешите ни помагаат кај несоница и го штитат срцето, а богати се и со ликопен, витамин Ц и со влакна.

Краставици

Со состав на вода од 96 отсто било која друга намирница не може да го хидрира организмот како краставицата. Исто така е богата и со витамини Ц, А и К, а содржат и магнезиум, калиум и многу малку калории. Освен во салати, не заборавете дека краставиците можат да се варат и како вариво или од нив да се подготви студена супа.

Бамја

Можеби не е позната како краставиците или црешите, но бамјата е исто толку здрава и вкусна. Одличен извор е на влакна, витамин А, Б6, Ц и К, како и магнезиум и калиум. Можете да ја подготвите како зеленчук со месо, во вариво или да се испржи како тиквиците.

jagodiЈагоди

Вкусните и сочни јагоди сега веројатно најбарани бидејќи трае нивната сезона. Сочните јагоди инаку имаат полно витамини Ц и Б6, а една порција јагоди има само 49 калории. Некои студии дури покажаа дека јагодите се одлична намирница за оние кои сакаат да ослабат, бидејќи имаат нутритивни состојки кои го забрзуваат метаболизмот, го намалуваат апетитот и помагаат во контролата на нивото на шеќер во крвта.

Тиквици

Во 100 грама тиквици ќе најдете само 16 калории, а богати се со витамини и влакна, односно манган и витамин Ц, па се многу добар извор на магнезиум, витамин А, калиум, прехранбени влакна, фолна киселина, фосфор, бакар и витамин Б2. Можете да ги подготвувате на повеќе начини, од комбинација со ориз, како и полнети тиквици.

Би можело да ве интересира

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава