ВМРО-ДПМНЕ: Со тоа што не набави вакцини против корона Филипче ги осуди граѓаните на смрт

Од:

„Сите земји во светот и Европа почнаа со вакцинирање против корона кон крајот на декември минатата година или некои почеток на јануари годинава.

Крај на февруари, на праг е март Венко Филипче и Зоран Заев не успеаја да набават ни една вакцина“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Единствени вакцини кои ги има во државава се оние од донацијата од Србија, а се вакцинира медицинскиот кадар кој е на првите борбени редови, а треба буквално сите медицински работници да се вакцинираат, треба да се вакцинираат возрасните, треба да се вакцинираат оние со повеќе хронични болести, секако има и многу други кои сакаат да се вакцинираат.

Но, вакцини нема. Филипче ги осуди на смрт граѓаните. Во периодот откако другите земји почнаа да вакцинираат до сега во Македонија има околу 700 починати или околу 350 лица месечно починуваат од корона.

Колку од нив ќе беа спасени да имаше вакцини? Она што Филипче и Заев кажуваат се само лаги, па само за неделава најавија вакцини од повеќе производители, но стигнаа само оние до 8000 од Србија. За ваквото однесување мора да има одговорност!“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски