Германскиот претседател: Да не ги прекинуваме сите врски со Русија

Од:

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер денеска предупреди да не се прекинуваат сите врски со Русија и покрај тензичниот период во односите, нагласувајќи дека Западот и Русија се одговорни за мирот во Европа.

– Во оваа тешка фаза од нашите односи, мора да се осигураме врските целосно да не се раскинат, рече претседателот на Германија, нагласувајќи дека многу мостови меѓу Западот и Истокот се уништени во последните 20 години.

Според него, ова е алармантна состојба, особено во овие кризни времиња.

– Живееме во период на тешки односи, но има минато пред нив и иднина по нив, рече Штајнмаер на годишната конференција на германскиот комитет за источноевропски економски односи, што се одржа онлајн.

– Двете страни сме одговорни за иднината на мирна Европа, нагласи германскиот претседател.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот