Полска: Луѓето кои ќе приложат доказ дека се вакцинирани не мораат во карантин при влез во земјата

Од:

Полска го укина задолжителниот карантин за луѓето кои се вакцинирани против коронавирусот, а влегуваат во земјата.

Оние кои имаат доказ за вакцинација нема да мора да бидат ставени во карантин при влегувањето во Полска, пренесуваат германските медиуми.

Исто така од карантин се ослободени и групите како што се студенти и ученици кои ја преминуваат границата поради образование.

Од 28 декември, секое лице кое влегува во Полска со „организиран превоз“, односно со авион, воз, автобус или брод, мораше да биде во десетдневен карантин.

Би можело да ве интересира

Националистите предложија историчар да се кандидира за претседател на Полска

А1он

Захарова: Американската противракетна база во Полска е приоритетна цел

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Туск: Телефонската дипломатија не може да ја замени вистинската поддршка за Украина

Горан Наумовски

Полска го гради „Источниот штит“, се градат бариери, бункери, ровови и мински полиња

Дуда: Полска ќе ги пренесе авионите МиГ-29 во Украина доколку НАТО ги префрли авионите во полските бази