Се роди бебе од сочуван сперматозоид на човек кој починал пред 6 години.
Откако дознал дека е болен од рак, тој инсистирал да му се сочува сперма пред почетокот на хемотерапијата, поради која би можел да остане неплоден. Но, лекувањтео не успеало а тој починал во својата 30та година од животот.
Неколку години подоцна неговите родители почнале да бараат жена која би се согласила да биде мајка на нивното внуче.
Нашле жена во триесеттите, сама, која сакала да роди дете без партнер. Вештачкото оплодување успеало и пред три недели детето е родено.
– Нема психијатар кој може да помогне како што помогна ова бебе родителите на починатиот да се вратат во живот – вели адвокатката која им помогнала да немаат судски пречки да добијат внук од починатиот син.