(ВИДЕО) Кузеска: Пропаѓаат сите обиди на потрчкото Мицкоски да ја спречи правдата, случајот со Мијалков е негов последен дебакл

Од:

„Единствената улога на докажаниот губитник Христијан Мицкоски како шеф на ВМРО-ДПМНЕ е да го одбрани криминалот и да ја спречи правдата.

Сите блокади, кочници, деструктивното однесување на ВМРО-ДПМНЕ се токму тоа – обиди да се спасат криминалците во нивните редови.

Мицкоски не се грижи за граѓаните, не се грижи за правдата. Негова единствена грижа е неговата фотелја во белиот дворец и одбрана на криминалите на луѓето што го поставија во таа фотелја“, кажа Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

„Се што прави Мицкоски е да го заштити менторот од Будимпешта, Груевски, да ги заштити Мијалков, Камчев, Милошоски, Димовски, Јанушев и сите останати сегашни и поранешни функционери на ВМРО ДПМНЕ, против кои се водат процеси пред надлежните судови.

Тоа е единствената грижа на Мицкоски, а не правдата, како што ја лаже јавноста.

Токму затоа Мицкоски беше против носење на Законот за Јавно обвинителство со што предметите на СЈО добиваат судска разрешница, токму затоа Мицкоски застана во одбрана на осудените за 27 април.

Случајот со Мијалков е последниот пораз, последниот дебакл на Мицкоски.

Сите обиди на Мицкоски да го одбрани криминалот на ВМРО-ДПМНЕ пропаднаа, со што пропадна и неговата главна задача за која што Мијалков и Груевски го поставија на чело на ВМРО-ДПМНЕ.

Сега, патот на правдата е чист и се почесто ќе бидеме сведоци на спроведена правда, но и на силен одговор од институциите кон сите кои се ставаат над Законот.

Државата веќе не е заробена од поединци кои ја користеа за нивно лично богатење. Денес имаме силна правна држава, држава во која редот, правдата и дисциплината на сите нивоа се приоритет.

Мицкоски останува осамен во белиот дворец, осамен на браникот на криминалот и останува во опозиција затоа што не нуди ништо друго освен лажни вести и одбрана на криминалот“, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он

(ВИДЕО) Стевановиќ и Маричиќ: Реформите ни носат системски промени и европски фондови

А1он

ЗНАМ: Квази социјалдемократот Филипче е еден од најодговорните за состојбата во СДСМ

А1он

Лукаревска од Македонска Каменица: На 8 мај гласајте за силен СДСМ, сега е најважно да не се враќаме назад

А1он