Навреме и без значителни проблеми течеше полагањето на вториот дел од испитот државна матура денеска, изјави министерот за образование и наука Спиро Ристовски. Од 10 до 13 часот 19.289 матуранти го решаваа тестот по изборните предмети – странски јазик или математика, односно филозофија или естетика.
Министерот Ристовски во одговор на новинарско прашање изјави дека меѓу високите приоритети на МОН е државната матура во иднина да се полага електронски, како што се полагаа и тестовите за екстерното оценување.
– Факт е дека матурата се уште се спроведува хартиено. Сега, на самиот почеток на мојот мандат како министер за образование и наука, можам да најавам дека еден од врвните приоритети на МОН во следниот период е спроведувањето на проектот Е-матура.
– Се уште не би сакал да лицитирам со рокови и датуми, но приоритет е матурата да се спроведе електронски како што успеавме да реализираме еден многу помасовен проект, рече Спировски, по промоцијата на нови наслови од проектот за превод на илјада стручни книги.