Комплетирана италијанската влада

Од:

Со изборот на 39 потсекретари, помошници и министри комплетирана е владата на премиерот Марио Драги, пишува весникот „Ил фато Котидијано“.

„Изборот не помина лесно, на седницата имаше напнатост, полемики, дури и вето на одредени предлози, па во еден момент владината седница беше прекината еден час, пишува весникот.

Меѓу новите владини функционери има 19 жени.

Тројца членови на партијата „Италија Вива“ на Матео Ренци, кои исто така беа во претходната влада на Џузепе Конте, повторно се членови на владата.

Во врска со ова, весникот потсетува дека Ренци, при соборување на претходната влада, тврдеше дека тој не го сторил тоа заради „министерски места“, туку заради принципиелни причини.

„Но, како што можеме да видиме, тој повторно добро ги постави своите кандидати“, пишува весникот.

Меѓу новите членови на владата се и двајца помошници министри, Стефанија Пучарели и Рошано Сашо, кои имаат многу негативен став кон мигрантите.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски