ВМРО-ДПМНЕ: Скандалозно е што СДСМ собира партиски војници за државен попис

Од:

„Скандалозно е што СДСМ собира партиски војници, за државен попис, пописот веќе е компромитиран. Во која држава владејачката партија собира партиски членови за државен попис. Тоа е суштината, тие собираат платена војска кока треба да направи фингиран попис. Ако било за општествено ангажирање на СДСМ зошто тогаш тој оглас не го споделија општествено одговорни фирми, и компании туку само СДСМ? Затоа што го приватизираа процесот“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ објави па избриша, па повторно објави на својата фејсбук страница оглас за попишувачи. СДСМ го политизира пописот во целост. Со вчерашната активност СДСМ му даде целосно партиски печат на пописот.

Власта од вчера од пописот официјално направи партиска приватна забава, а не статистичка операција од витално значење за државата.
СДСМ прво објави оглас за попишувачи на фејсбук страните на своите локални ограноци, откако ВМРО-ДПМНЕ и јавноста бурно реагираа ги избришаа огласите, за по некое време свесни дека нема да им помине бришење од официјалната фејсбук страна на СДСМ да го објават огласот со наратив на кој никој не верува“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Заев нема капацитет за да изведе една работа во корист на државата и на се лепи партиска етикета. СДСМ никогаш не го гледале пописот како статистичка државна операција, туку алатка за коалиционо пазарење.

Веќе нема криење. СДСМ го приватизираше пописот. После вчерашниот дебакл власта мора да го одложи пописот. Од партиски попис државата нема да има никаква полза. Одлагање на пописот веднаш“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски