САД се враќаат во Советот за човекови права на ОН како како полноправна членка

Од:

САД ги ставаат човековите права на врвот од својата агенда, и се враќаат во Советот за човекови права на ОН (УНХРЦ), соопшти денеска Стејт департментот.

Во случај да бидат примени назад, САД имаат за цел да станат прв глас во советот за одбрана и почитување на човековите права.

-Имаме намера да се вратиме во Советот за човекови права, и да стоиме рамо до рамо со нашите сојузници и партнери … Сепак, подобрувањето на советот и промоција на неговата критично важна работа најдобро се прави со седење на истата маса, истакна Блинкен.

Тој истакна дека советот се соочува со предизвици, како предрасудите кон Израел и правилата кои „дозволуваат земјите со ужасни документирани нарушувања на човековите права незаслужно да заземаат позиции“.

САД го напуштија Советот за човекови права при ОН во 2018 година. Тогашниот претседател Доналд Трамп и неговата Администрација тоа го образложија со ставот дека советот ја критикува политиката на Израел и хипокризијата со тоа што членови на УНХРЦ се земји каде постои секојдневно угнетување на човековите права,

На 8 февруари Блинкен изјави дека САД се вратија во УНХРЦ во својство на набљудувач, порачувајќи дека се потребни реформи во овој орган.

Би можело да ве интересира

Бостонската полиција уапси 100 студенти на протестите против војната во Газа

Тројца повредени во торнадо во Небраска, стотици куќи оштетени

(ВИДЕО) Десетици торнада го погодија централниот дел на САД, има повредени

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија