Седумгодишно дете загина во пожар во бегалски камп северно од Атина, соопшти утрово грчката противпожарна служба.
Детето не давало знаци на живот кога пожарникарите пристигнале синоќа во кампот Теба, околу 50 километри северно од Атина.
Полицијата интервенираше бидејќи барателите на азил го блокираа пристапот до објектот што гореше. Истрагата за причините за пожарот е во тек.